Левица БЕСА: Гинекологијата се претвора во касапница - Одговорност, а не оправдувања!
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,
Информациите за последните настани во гинекологијата во Скопје се извонредно загрижувачки, кои сведочат за целосното нефункционирање на овој здравствен систем, но исто така ја зголемуваат недовербата и стравот на граѓаните да бараат услуги во државните клиники.
Дали премиерот, министерот за здравство, но и директорите на болницата можат да претпостават какви трауми им се предизвикуваат на младите мајки, кои доаѓаат да го донесат својот животен дар, дете, со сите добри работи што им ги подарува Бог, а од друга страна, им предизвикувате повреди и оштетувања. Еден ден, едно бебе завршува со отсечен прст, друго бебе со скршено рамо и десетици други случаи кои се покриени и не се објавени. И со безобразлук, раководителите на клиниката се оправдуваат зошто се случиле овие случаи, додека Министерството соопшти дека ќе ги истражуваат со посебни комисии. Ова што се случува е изразито античовечко и неодговорно од страна на раководствата на двата институции. Наместо да покажат каде е проблемот и кој треба да сноси одговорност, тие зборуваат за оправдувања и процедури. Но за нас оправдувањата се јасни. Непрофесионалната и неодговорната работа на партиските раководители на институциите, застрашувањето на граѓаните да примат услуга во здравствените институции за кои плаќаат даноци, и за да одат во приватни болници и да ги наполнат џебовите на сопствениците на болници, кои се пријатели и соработници на властите.
Но, овој злостор на оваа власт не ќе трае долго. Затоа, бараме итно да има одговорност за главните виновници за сите овие случаи и итно да поднесе оставка директорката на болницата. А ако ова не се случи сега, бидете сигурни дека ќе се случи веднаш по изборите, кога властите ќе се сменат, а со институциите ќе раководат професионалци и одговорни кадри на коалицијата Левица за Промена!
Ви благодариме!
Калтерина Беќири
Оддел за здравство на Левица БЕСА